frosch
emsal
erdall
rorax

Werner & Mertz Group Company

Со докажани брендови како Frosch, Erdal и tana Professional, компанијата Werner & Mertz е добро позната на европскиот пазар како иновативна компанија. Работиме посветено во Мајнц повеќе од 150 години. Отсекогаш сме биле подеднакво посветени на начелата за еколошки и одржлив бизнис пристап, бидејќи одржливоста за нас не е само мода, туку традиција на компанијата што ја негуваме секој ден. Лојалноста кон нашата локација и иновативниот дух се одлична основа за Werner & Mertz за свежиот поттик што постојано го носиме со нашите производи и нашите иницијативи. Се гордееме со извонредната лојалност на нашите вработени чијшто просечен работен век во компанијата е 16 години. Нивното поистоветување со заложбите на компанијата, нашата филозофија и нашите производи се силата на којашто се потпира Werner & Mertz.

Во Халеин во близина на Салцбург, ја основавмe Erdal GmbH во 1953 година како втора производствена локација. Со текот на годините, огранокот на Werner & Mertz во Австрија порасна на околу 160 вработени и сè повеќе преземаше одговорност за продажбата за 15 земји од централна и југоисточна Европа. Од 2011 година, производите на Werner & Mertz за потрошувачи и професионални корисници се достапни не само во Европа, туку и значително го зајакнаа присуството на јапонскиот пазар. Силните брендови, високо квалификуваните и мотивирани вработени, како и континуираното следење на одржливоста од целата компанија ја обезбедуваат иднината на Werner & Mertz на патот кон тоа да стане лидер на европскиот пазар и лидер во иновации во производите за посебна нега.




Добре дојдовте во Иницијативата за рециклати на Frosch - Одржливост во Frosch

Заштитата на животната средина не застанува кај формулите. За производи што се безбедни за животната средина потребно е и соодветно безбедно пакување.

Кога станува збор за овој бренд, очигледно е дека сите пакувања на производите на Frosch може да се рециклираат. Но, Frosch оди чекор понапред. Во согласност со Иницијативата за рециклати на Frosch силно се поддржува рециклирањето на користени пластични материјали. Денес, пластичните шишиња на Frosch веќе содржат 100 % стара пластика. До денес, оваа стара пластика (PET рециклат) се добиваше од дотраени PET шишиња од индустријата за пијалаци. Во текот на долгогодишната истражувачка работа, Frosch - заедно со партнерите - најде начин за дополнително рециклирање многу голем процент стара пластика од германската шема за рециклирање „yellow sack“ (жолта кеса). Ова е важно бидејќи најголемиот процент искористени пластични садови сѐ уште не се рециклира соодветно - се користи нашироко, меѓу останатото, како помошно гориво во постројките за горење комунален отпад. Ова значи дека необработеното масло, коешто е вредна суровина, се троши и климата е преоптоварена со непотребни емисии на CO2.

Frosch сега успева да го контролира отпадот од жолтите кеси како вреден извор на суровини и да го користи за производство на нови шишиња за детергенти Frosch. Заедно со мрежата партнери, вклучувајќи ја и Naturschutzbund Deutschland (Унијата за заштита на природата и биодиверзитетот на Германија, NABU), Frosch примени нов тип технологија за сортирање којашто го сортира рециклатот по боја и ги одделува сите невидливи загадувачи, како на пример заробени туѓи честички. Со овој процес, од материјалите што може да се рециклираат, коишто се собираат преку шемата на жолти кеси, се добива висококвалитетен PET рециклат. Ова може да се користи за производството на нови шишиња Frosch, обезбедувајќи соодветно рециклирање, безбедно за животната средина. Дополнителни информации за Иницијативата за рециклати на Frosch може да се најдат » овде.